ПРВ.мк
Свет

Вознемиреност во САД: ФБИ налета на тајна биолошка лабораторија во срцето на Лас Вегас!

Вознемиреност во САД: ФБИ налета на тајна биолошка лабораторија во срцето на Лас Вегас!
Kristal

Американската јавност е вознемирена откако федералните власти потврдија дека истражуваат сомнителен објект во Лас Вегас, за кој се верува дека бил користен како нелегална биолошка лабораторија. Претресот бил извршен рано во саботата, но истражителите засега не откриваат што точно било пронајдено на локацијата.

Според информации од полициски извори за ABC News, истрагата започнала по пријава за прекршување на закони и регулативи. Ситуацијата добила сериозен тек откако се појавиле индиции дека во куќата биле складирани материјали поврзани со биолошки истражувања без дозвола. Поради потенцијалниот ризик, случајот веднаш бил преземен од Заедничката антитерористичка единица.

Управителот на објектот бил уапсен во текот на саботата, додека властите заплениле повеќе ампули со непозната содржина. Тие ќе бидат пренесени во специјализирана здравствена установа каде ќе се извршат детални анализи за да се утврди дали претставуваат закана за јавното здравје.

Дополнителна загриженост предизвикува фактот што сопственикот на имотот е кинески државјанин, кој од 2023 година се наоѓа во затвор поради претходни обвиненија, иако тогаш се изјаснил дека не е виновен.

Истражителите паралелно пребаруваат уште дваесетина локации за кои постои сомневање дека може да се поврзани со овој случај. Надлежните институции најавуваат дека јавноста ќе биде информирана веднаш штом ќе има повеќе детали.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo