ПРВ.мк
Свет

Страв и хаос на Медитеранот: Околу 1.000 мигранти проголтани од морето по циклонот Хари

Страв и хаос на Медитеранот: Околу 1.000 мигранти проголтани од морето по циклонот Хари
Kristal

Една од најтешките мигрантски трагедии во последните години можеби се случила на централната медитеранска рута, откако силните бури предизвикани од циклонот Хари погодија делови од јужна Италија. Според проценките на невладината организација „Медитеранеа сејвинг хјуманс“, околу 1.000 луѓе се водат како исчезнати или се стравува дека го загубиле животот во морето.

Овие алармантни бројки се засноваат на сведоштва од бегалци во Либија и Тунис, кои пријавиле дека повеќе чамци и бродови со мигранти исчезнале токму за време на екстремно лошите временски услови. Контактот со пловилата бил изгубен, а досега нема официјални информации дека преживеани се пронајдени.

Претседателката на организацијата, Лаура Марморале, ја оцени случката како една од најголемите катастрофи на оваа опасна рута во последните години. Таа упати остри критики кон властите на Италија и Малта, обвинувајќи ги за бавна и недоволна реакција во момент кога секоја минута можела да спаси човечки живот.

Надлежните институции сè уште не излегоа со конечни податоци, додека хуманитарните организации предупредуваат дека бројот на жртви може дополнително да се зголеми. Медитеранот повторно станува масовна гробница за оние кои во потрага по подобар живот ризикуваат сè.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo