ПРВ.мк
Балкан

ПОЛИЦИЈАТА УДРИ ПО НАРКО-МРЕЖА – АПСЕЊА, ЗАПЛЕНЕТА ДРОГА, ПОТРАГАТА НЕ ЗАПИРА!

ПОЛИЦИЈАТА УДРИ ПО НАРКО-МРЕЖА – АПСЕЊА, ЗАПЛЕНЕТА ДРОГА, ПОТРАГАТА НЕ ЗАПИРА!
Kristal

Во тек е масовна полициска акција на територијата на Белград, насочена кон разбивање на нарко-криминални групи. Операцијата ја спроведуваат Управата за криминалистичка полиција (УКП) во координација со Вишото јавно обвинителство, а акцијата сè уште трае.

Според информации од белградските медиуми, досега се уапсени најмалку пет лица, додека за неколку осомничени потрагата е во полн ек. Полицијата истовремено спроведува претреси на повеќе локации низ градот, што укажува на добро организирана и широка операција.

Извори блиски до истрагата откриваат дека кај двајца од приведените е пронајдена и запленета околу седум килограми марихуана. Дополнително, лисици им биле ставени и на тројца членови на криминална група која подолг период се сомничи за дистрибуција на хероин низ белградските населби.

Полицијата трага по уште неколку лица за кои се верува дека биле дел од истата мрежа, а акцијата се шири и на нови адреси. Надлежните институции засега не излегуваат со официјални детали, но се најавува дека јавноста ќе биде информирана откако ќе заврши операцијата.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo