ПРВ.мк
Свет

„Ако не се разоружат, ги чека пекол“: Хамас доби рок од два месеца

„Ако не се разоружат, ги чека пекол“: Хамас доби рок од два месеца
Kristal

Палестинската милитантна група Хамас добила рок од два месеца да се разоружа, а доколку тоа не се случи, ќе следат сериозни последици, објавуваат израелските медиуми. Одлуката била договорена по средбата меѓу премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, и претседателот на Соединети Американски Држави, Доналд Трамп.

Според весникот Израел Хајом, на Хамас ќе му биде даден краток временски период за целосно разоружување. Во случај групата да ги одбие условите, понатамошните чекори ќе ги преземат Израелските одбранбени сили.

Извештајот наведува дека договорот опфаќа и утврдување јасни и практични критериуми за тоа што ќе се смета за разоружување. Меѓу нив е и уништувањето на обемната мрежа од тунели под Појасот Газа, која со години се користи за воени и логистички цели.

Професионални тимови од Израел и САД моментално работат на прецизно дефинирање на мерките што би значеле практично разоружување на Хамас, пренесува Тајмс оф Израел. Доколку условите не бидат исполнети во зададениот рок, Израелската војска ќе ја преземе целосната одговорност за натамошниот развој на ситуацијата.

По средбата со Нетанјаху, Трамп испрати остра порака: „На Хамас ќе му биде даден многу краток период да се разоружа. Ако не го сторат тоа, како што се обврзаа, ги чека пекол“, изјави американскиот претседател.

Оваа најава дополнително ја зголемува напнатоста на Блискиот Исток и го става фокусот на следните два месеца како клучен период за иднината на безбедносната состојба во регионот.

FixCredit
Escape