Во Радовиш вчера околу 18 часот бил уапсен С. Ш. (37) од струмичкото село Банско, кој бил во бегство од притвор.
Според информациите, лицето било барано по наредба од Основен суд Велес, за издржување мерка притвор во траење од 30 дена, поради сторено кривично дело „разбојништво“.
По апсењето, С. Ш. бил спроведен во Затвор Скопје, каде ќе ја издржува изречената мерка притвор.
















