СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ф. Ш. (65) од Тетово и И. А. (45) од селото Бродец, поради сторено кривично дело „бесправно градење“.
Според информациите од полицијата, пријавените во текот на 2025 година, во атарот на селото Гајре, изградиле шест бетонски столбови во заштитена зона на Национален парк Шар Планина.
Градбата била изведена без претходно обезбедена соодветна дозвола за градба од Општина Тетово, што претставува прекршување на законските прописи за заштита на природата и просторот во рамки на национален парк.
Надлежните институции најавуваат понатамошни постапки за целосно расчистување на случајот и утврдување на одговорноста, со оглед на тоа што станува збор за интервенција во строго заштитено природно подрачје.
















