ПРВ.мк
Македонија

Запленета пиротехника - Уапсени двајца мажи поради огромна количина

Запленета пиротехника - Уапсени двајца мажи поради огромна количина
Kristal

Полицијата уапси двајца мажи во радовишкиот регион и заплени повеќе од 300 парчиња пиротехнички средства, соопшти СВР Струмица.

Вчера, во селото Конче, полициски службеници, постапувајќи по судска наредба, извршиле претрес во домот на К. К. (38). При контролата биле пронајдени и одземени 105 парчиња пиротехника.

Истиот ден, врз основа на друга судска наредба, службеници од ОВР Радовиш извршиле претрес и во селото Ињево, во домот на И. К. (30). Таму биле пронајдени дополнителни 198 парчиња пиротехнички средства.

По целосно документирање на двата случаи, против осомничените ќе бидат поднесени соодветни пријави, информираат од СВР Струмица. Надлежните повторно апелираат до граѓаните да не поседуваат и користат нелегална пиротехника, особено во празничниот период, поради ризиците по безбедноста.

FixCredit
Escape