ПРВ.мк
Свет

НАТО по четврти пат пресретна иранска ракета насочена кон Турција - еве што следува!

НАТО по четврти пат пресретна иранска ракета насочена кон Турција - еве што следува!
Kristal

Организацијата на Северноатлантскиот договор (НАТО) по четврти пат за помалку од еден месец пресретна иранска ракета над Турција, соопшти турското Министерство за одбрана. Ракетата, која влегла во турскиот воздушен простор, била неутрализирана од средствата за воздушна и ракетна одбрана на НАТО распоредени во Источниот Медитеран.

Првото пресретнување се случи на 4 март, додека претходно Иран ги негираше сите вакви напади кон Турција. Турската влада тврди дека има докази дека ракетите потекнуваат од Иран.

По претходните инциденти, НАТО распореди два дополнителни системи за ракетна одбрана „Патриот“ во Турција. Се верува дека претходните ракети биле насочени кон напреден радарски систем за рано предупредување во источна Турција и кон воздухопловната база Инџирлик, каде се стационирани сили на НАТО и стотици американски војници.

Министерството истакна дека Турција решително ги презема сите мерки против каква било закана насочена кон нејзината територија и воздушен простор, додека Анкара го предупреди Техеран да не ја таргетира нејзината територија и да не го проширува конфликтот. Турција не дозволува нејзиниот воздушен простор или бази да се користат за напади врз Иран.

SWM
Mozzart
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo