ПРВ.мк
Свет

Крвав хаос – 4 загинати и над 20 ранети - еве ги деталите

Крвав хаос – 4 загинати и над 20 ранети - еве ги деталите
Kristal

Во бар на островот Света Елена во Јужна Каролина попладнево се случи масовно пукање, при што четири лица загинаа, а најмалку 20 се ранети, од кои четворица се во критична состојба.

Пукањето се случило во раните утрински часови, додека во објектот имало многу посетители, кои се разбегале откако ги слушнале истрелите.

Локалната полиција ја истражува трагедијата, а засега нема информации за мотивот или идентитетот на напаѓачот/напаѓачите.

„Ова е трагичен и тежок инцидент за сите нас“, се наведува во соопштението на шерифската служба во округот Бофорт. „Апелираме за трпение додека продолжуваме со истрагата. Нашите мисли се со сите жртви и нивните најблиски.“

Полицијата продолжува со истражување на случајот, а локалните власти апелираат до јавноста да соработува со надлежните органи и да се воздржи од шпекулации додека се утврдуваат деталите.

Escape