ПРВ.мк
Свет

Иванка Трамп купи албански остров за над милијарда долари – планови за луксузно одморалиште предизвикуваат бурни реакции

Иванка Трамп купи албански остров за над милијарда долари – планови за луксузно одморалиште предизвикуваат бурни реакции
Escape

Италијански медиуми, повикувајќи се на „Гардијан“, објавија дека Иванка Трамп и нејзиниот сопруг Џаред Кушнер го купиле островот Сазан во Албанија за над милијарда долари. Двојката, која минатиот месец престојуваше на албанското крајбрежје, била фасцинирана од уникатната убавина на островот – поранешна воена база со богата историја, дел од Националниот морски парк Карабурун – Сазан.

Островот, кој е отворен за посетители од 2015 година, сè уште има зони под воена заштита и е исполнет со бункери и тунели од времето на комунизмот. Договорот, вреден 1,4 милијарди евра, наводно бил постигнат без знаење на албанската јавност и пратениците, а преговорите ги водела групата „Афинити“.

Планот на Трамп и Кушнер е островот да се претвори во луксузно туристичко одморалиште, но проектот веќе наиде на остри реакции од еколошки и научни организации. Тие предупредуваат дека изградбата може да нанесе трајна штета на природното и културното наследство на областа. Дополнителен предизвик претставува присуството на неексплодирани мини и воен отпад, кои мора да се отстранат пред да започнат работите.

Некои Албанци веќе почнале да го нарекуваат „Остров Трамп“, а во подкаст, Доналд Трамп лично го пофалил проектот, нарекувајќи го „извонреден“, но призна дека безбедносното расчистување на островот е најголемата пречка.

Покрај Сазан, „Афинити“ имала планови и за друг голем проект во Србија, што укажува дека ова можеби е само почеток на регионални инвестиции од семејството Трамп.

Mia Home Mavrovo

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape