ПРВ.мк
Свет

ГЕРМАНСКИ ГАСЕН ПРЕСВРТ: Државата ги продава „клучeвите“ од гасот – Две милијарди евра за влез во приватизација на СЕФЕ!

ГЕРМАНСКИ ГАСЕН ПРЕСВРТ: Државата ги продава „клучeвите“ од гасот – Две милијарди евра за влез во приватизација на СЕФЕ!

Германскиот енергетски џин СЕФЕ (Securing Energy for Europe), кој некогаш беше во рацете на рускиот „Гаспром“, се подготвува за историско напуштање на државните „злато и свила“. Со предложена рекапитализација од 2 милијарди евра, Германија го пали моторот за приватизација на компанијата која буквално ја грее нацијата.

На почетокот на војната во Украина, Германија не чекаше – ја национализираше компанијата за вртоглави 6,3 милијарди евра. Денес, СЕФЕ контролира дури 10% од целата гасна мрежа во Германија, управувајќи со преку 4.200 километри цевководи. Но, правилата на Европската Унија се немилосрдни: Берлин мора да го намали својот удел на само 25% до крајот на 2028 година.

Извршниот директор на СЕФЕ, Егберт Лаге, открива дека конфликтот на Блискиот Исток и ограничениот проток на гас го забрзале процесот. Иако излегувањето на берза (IPO) е една од опциите, времето тече брзо. Планот е приватизацијата да започне во следните 9 до 12 месеци, со што државата ќе се повлече од доминантната сопственост.

„Владата размислуваше и за спојување со конкурентот Унипер, но засега одиме сами,“ вели Лаге за Financial Times.

Аналитичарите веќе шпекулираат за „распарчување“ на имотот на компанијата пред продажбата, додека германското Министерство за економија ги разгледува сите сценарија. Едно е сигурно – Германија мора да се откаже од својот енергетски монопол за да ги исполни правилата на Брисел.

Дали овој потег ќе донесе пониски цени на гасот или само нов приватен газда на стратешките цевки на Европа? Битката за германскиот гас штотуку станува жешка!

Најнови вести