ПРВ.мк
Свет

Зошто Трамп се откажа од новиот претседателски авион? Се појавија безбедносни дилеми

Зошто Трамп се откажа од новиот претседателски авион? Се појавија безбедносни дилеми

Трамп го изненади светот: Од Турција замина со стариот „Ер Форс Уан“

Американскиот претседател Доналд Трамп по завршувањето на самитот на НАТО во Анкара отпатува со постариот авион „Ер Форс Уан“, наместо со новиот „Боинг 747-8“, кој неодамна беше дониран од Катар. Потегот веднаш предизвика бројни шпекулации околу безбедноста на новото летало.

Според повеќе американски медиуми, дел од безбедносните служби изразиле загриженост дали авионот ги има сите напредни системи за заштита што ги поседува традиционалниот претседателски авион, особено во услови на зголемени тензии со Иран.

Од друга страна, Трамп јавно негираше дека безбедносните причини биле пресудни за промената. Тој изјави дека новиот авион бил испратен во британската воздухопловна база Милденхол за американските војници да имаат можност да го разгледаат, додавајќи дека за дел од патувањето сакал да го користи стариот „Ер Форс Уан“.

И покрај тоа, одлуката повторно ги отвори дебатите во САД околу тоа дали новиот авион ги исполнува сите безбедносни стандарди што се бараат за превоз на американски претседател, особено кога станува збор за напредни системи за противракетна заштита и сигурна комуникација.