ПРВ.мк
Свет

КРВАВ НАПАД: Погодена најголемата рафинерија во Русија - ова е бројот на жртви!

КРВАВ НАПАД: Погодена најголемата рафинерија во Русија - ова е бројот на жртви!

Украинската армија соопшти дека во текот на ноќта извела напад врз рафинерија за нафта во рускиот град Сизрање, во Самарската област, објект кој се наоѓа на повеќе од 800 километри од украинската граница.

Според украинската страна, нападот е дел од пошироката стратегија за нарушување на снабдувањето со гориво на руските сили и ограничување на логистичките линии кон окупираниот Крим.

Од друга страна, гувернерот на Самарската област, Вјачеслав Федоришчев, потврди дека во нападот загинало едно лице, додека тројца се повредени, меѓу кои и едно дете. Тој соопшти дека се оштетени повеќе куќи, станбени згради и еден индустриски објект, но не прецизираше дали станува збор за споменатата рафинерија.

Украинската армија истовремено објави дека денеска погодила и 14 руски бродови, од кои десет биле танкери.

Киев наведува дека во последните денови ја засилил кампањата насочена кон прекинување на снабдувањето со гориво на руските сили и изолирање на окупираниот полуостров Крим. Според украинските тврдења, во изминатите седум дена биле погодени вкупно 90 руски бродови во Азовското Море.

Во меѓувреме, гувернерот на руската Ростовска област, Јуриј Сљусар, соопшти дека украински дрон погодил танкер кој од Азовското Море пловел кон Црното Море.

По ударот избувнал пожар на бродот, но, според руските власти, огнот бил брзо локализиран. Тие додаваат дека не постои опасност од излевање на нафта, бидејќи резервоарите на танкерот биле празни, како и дека во нападот нема повредени членови на екипажот.