Бројот на загинати во силна експлозија во зграда во село во североисточен Мјанмар се искачи на најмалку 55 лица, додека десетици се повредени, јавуваат извори од терен.
Според извор запознаен со ситуацијата, кој за Би-Би-Си ја пренел информацијата, меѓу жртвите има 25 жени и 30 мажи.
Експлозијата се случила во селото Каунг Тат, во општината Намкам во државата Шан, околу три километри јужно од границата со Кина.
Селото е под контрола на вооружената етничка група TNLA, која учествува во спорадични судири со централната власт во Мјанмар.
Надлежните служби продолжуваат со увид и истрага за причините за експлозијата, додека бројот на жртви може дополнително да се зголеми.








