ПРВ.мк
Свет

НОЌЕН НАПАД ВРЗ ФАБРИКА ЗА ДРОНОВИ: На членка на НАТО ѝ е доста, ја затвора границата!

НОЌЕН НАПАД ВРЗ ФАБРИКА ЗА ДРОНОВИ: На членка на НАТО ѝ е доста, ја затвора границата!

Нови тензии меѓу Русија и НАТО, откако Естонија најави целосно затворање на патните гранични премини со Русија од 1 декември, по обид за саботажа врз фабрика за производство на дронови што се користат и од украинската војска.

Инцидентот се случил во раните утрински часови на 14 ноември, во местото Вимси, северно од главниот град Талин.

Според естонските власти, повеќе лица се обиделе насилно да влезат во објектот на компанијата „Threod Systems“, да искршат прозорци и да истурат запалива течност со цел да предизвикаат пожар и експлозија.

Нападот бил спречен благодарение на брзата реакција на обезбедувањето, а полицијата привела осум осомничени лица, државјани на Латвија.

Естонската Служба за внатрешна безбедност соопшти дека располага со информации според кои нападот бил организиран по налог на руската воена разузнавачка служба ГРУ.

Компанијата „Threod Systems“ произведува извидувачки и борбени беспилотни летала, како и опрема што ја користат украинските вооружени сили.

По инцидентот, естонските власти најавија дека од 1 декември ќе ги затворат трите патни гранични премини со Русија – Нарва, Којдула и Лухама.

Министерот за внатрешни работи Игор Таро изјави дека мерката има цел да ги намали безбедносните ризици и да спречи нови непријателски активности.

Министерот за надворешни работи Маргус Цахкна порача дека секоја закана врз безбедноста на Естонија мора да има последици.

Сè уште не е утврдено дали затворањето на границата ќе биде привремено или на неопределено време.

Ова не е прв ваков инцидент. Во август годинава бил забележан уште еден напад врз естонска компанија од одбранбената индустрија, за кој естонските служби исто така ја обвинија Русија.

Русија ги отфрла обвинувањата за вмешаност во саботажни операции, додека естонските власти најавуваат дополнително зајакнување на безбедноста.