ПРВ.мк
Свет

ТРАГЕДИЈА ГО ПОТРЕСЕ СВЕТОТ: Новороденче почина на брод - ова се деталите!

ТРАГЕДИЈА ГО ПОТРЕСЕ СВЕТОТ: Новороденче почина на брод - ова се деталите!

Новороденче починало од хипотермија кратко по пристигнувањето на италијанскиот остров Лампедуза, откако било спасено заедно со група мигранти во Средоземното Море, соопштија италијанските власти.

Според информациите, патролен брод на италијанската финансиска полиција спасил 55 лица кои рано наутро биле префрлени на пристаништето Фавароло, пренесува „Voce di Sicilia“.

Меѓу спасените мигранти имало државјани од повеќе африкански земји, меѓу кои Камерун, Брегот на Слоновата Коска, Гамбија, Гвинеја, Мали, Нигерија и Сиера Леоне.

Италијанските служби наведуваат дека новороденчето било во критична состојба по спасувањето и покрај интервенцијата, не успеало да преживее.