На 15 јуни, повеќе од 30 американски авиони за полнење гориво го напуштиле воздушниот простор на САД и се упатиле кон исток, објави Flightradar24. Засега не е познато каде точно одат, но два авиони слетале во Шпанија, во близина на Севиља.
Се претпоставува дека нивната дестинација е Финска, каде што од 16 до 27 јуни ќе се одржува голема меѓународна воена вежба наречена „Атлантик Тридент 25“, во која учествуваат САД, Велика Британија, Франција и Финска.
Полетувањето на авионите доаѓа во момент на зголемени тензии поради иранските напади врз Израел, а вежбата треба да покаже колку се подготвени и обединети западните сојузници.