ПРВ.мк
Свет

ПАНИКА ВО ЕБОЛА ЦЕНТАРОТ: Пациенти побегнале во шумите - дали е ова нова опасност за светот?

ПАНИКА ВО ЕБОЛА ЦЕНТАРОТ: Пациенти побегнале во шумите - дали е ова нова опасност за светот?

Разгневени жители запалиле импровизиран шатор во здравствен центар во источниот дел на Демократска Република Конго, во област што веќе е позната како жариште на ебола, со што предизвикале паника меѓу пациентите и медицинскиот персонал.

Инцидентот се случил во градот Монгбвалу, каде група локални жители упаднале во здравствената установа и го запалиле шаторот поставен од организацијата „Лекари без граници“, кој бил наменет за третман и изолација на сомнителни и потврдени случаи на ебола.

Според локалните здравствени власти, иако нема пријавени повредени, ситуацијата на теренот довела до хаос, а најмалку 18 лица за кои постои сомнеж дека се заразени со вирусот успеале да избегаат од центарот и нивната локација засега е непозната.

Медицинските лица предупредуваат дека инцидентот сериозно ја отежнува контролата на епидемијата, особено затоа што болеста бара строги протоколи за изолација и безбедно постапување со пациентите и починатите, што често предизвикува недоверба и отпор кај населението.

Властите во регионот најавуваат засилени мерки и контроли, додека хуманитарните организации апелираат за смирување на тензиите за да се спречи понатамошно ширење на инфекцијата.