НАТО објави нова програма за млади професионалци која нуди можност за вклучување на талентирани млади луѓе од земјите членки на Алијансата и градење меѓународна кариера.
Станува збор за тригодишна програма преку која избраните кандидати ќе имаат можност да стекнат практично искуство и професионален развој работејќи во различни структури и институции на НАТО.
Според правилата, учесниците ќе бидат распоредени во три различни тела на Алијансата, каде што ќе поминат по една година во секое од нив. На тој начин ќе добијат пошироко разбирање за работата и функционирањето на организацијата.
По завршувањето на програмата, најуспешните кандидати може да добијат дополнителен тригодишен ангажман, во зависност од потребите на НАТО и нивните работни резултати.
Право на пријавување имаат млади лица на возраст од 21 до 32 години со завршени магистерски студии, најмалку една година работно искуство и активно познавање на англиски или француски јазик, кои се официјални јазици на Алијансата.
Рокот за аплицирање е 31 мај 2026 година, а од НАТО порачуваат дека програмата претставува одлична можност за развој на кариера во меѓународна и мултикултурна средина.
👉 Повеќе информации може да се најдат на: https://bit.ly/3QNQtz6









