ПРВ.мк
Свет

ИНЦИДЕНТ НА ОКЕАНОТ: Американците погодија брод во Тихиот Океан - ова е бројот на жртви!

ИНЦИДЕНТ НА ОКЕАНОТ: Американците погодија брод во Тихиот Океан - ова е бројот на жртви!

Јужната команда на американската војска објави драматични снимки на кои се гледа темен бродски објект како плови низ океанот, непосредно пред силна експлозија што го осветлува морето со огромен огнен столб. Според соопштението, веднаш по нападот била активирана операција за пребарување и спасување, откако постоеле сомнежи дека има преживеани.

Во меѓувреме, администрацијата на Donald Trump ја интензивира својата воена стратегија против, како што тврди, мрежи за шверц и нарко-картели во Латинска Америка. Белата куќа соопшти дека оваа кампања, која трае од септември, е насочена кон уништување на бродови осомничени за транспорт на дрога во Карипското Море и источниот Тихи Океан.

Според официјални податоци, досега во ваквите операции се пријавени најмалку 193 загинати лица, што предизвика силни реакции и критики во меѓународната јавност, особено околу правната основа на ваквите напади. Американската страна, пак, тврди дека станува збор за дел од поширока безбедносна стратегија против транснационален криминал што ја загрозува безбедноста на регионот.

ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ВИДЕОТО ТУКА