Геополитичката сцена станува сè понепредвидлива, а последните случувања отвораат сериозни прашања за тоа што следува. По драматични акции и засилени тензии, вниманието сега се префрла кон нова потенцијална точка на судир.
Куба се соочува со сериозна криза, особено во енергетскиот сектор. Недостигот од гориво доведе до чести прекини на струја, затворање на бизниси и сè поголемо незадоволство кај населението. Ситуацијата дополнително се влошила откако прекинале испораките од традиционалните сојузници, оставајќи ја земјата без клучна поддршка.
Во меѓувреме, од Вашингтон доаѓаат јасни сигнали дека економскиот притисок има конкретна цел – промена на власта. Иако официјално се зборува за дипломатски решенија, не се исклучува ниту поостар пристап доколку тие не дадат резултат.
Кубанското раководство, пак, испраќа пораки на отпор и предупредува дека секој надворешен обид за вмешување ќе наиде на силна реакција. Но реалноста на терен покажува растечка нестабилност – од протести до економски пад што ги погодува секојдневните животи.
Во позадина, големите сили внимателно ја следат ситуацијата. Можното сценарио отвора ризик од поширока криза, со последици што би се почувствувале далеку надвор од границите на островот.
Прашањето што сега се поставува е: дали ова е само притисок за преговори – или вовед во нешто






