Мајк Лав, еден од основачите и најпрепознатливите гласови на легендарната американска поп-рок група „The Beach Boys“, почина на 85-годишна возраст, објави Direkten.mk.
Според медиумските извештаи, веста за неговата смрт во саботата навечер ја соопштила неговата портпаролка Кејти Алтман, која навела дека музичарот починал опкружен со своето семејство. Причината за смртта засега не е соопштена.
Со својата повеќедецениска кариера, Лав остави значаен белег во светската музичка историја, а песните на „The Beach Boys“ станаа симбол на една музичка епоха.
Меѓу најпознатите хитови на групата се „Good Vibrations“, „Surfin’ USA“, „California Girls“ и „Kokomo“.
Во соопштението се истакнува дека Лав ќе остане запаметен како американска културна икона, чиј талент бил инспирација за бројни генерации музичари ширум светот, но и по неговата огромна љубов кон настапите пред публиката.








