ПРВ.мк
Свет

Кремљ конечно се огласи по поразот на Вучиќ, портпаролот на Путин испрати значајна порака: „За танго се потребни двајца“

Кремљ конечно се огласи по поразот на Вучиќ, портпаролот на Путин испрати значајна порака: „За танго се потребни двајца“

По изборниот пораз на Александар Вучиќ на парламентарните избори во Србија, пристигна и првата официјална реакција од Москва. Кремљ изрази благодарност за неговиот придонес во руско-српските односи, но истовремено испрати порака до студентското движење кое победи на изборите.

Портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин, Дмитриј Песков, истакна дека Русија сака да ја продолжи блиската соработка со Србија, но очекува и новата власт да покаже подготвеност.

„Многу го цениме придонесот на господинот Вучиќ во развојот на нашите билатерални односи. Се надеваме дека и како опозициски политичар ќе продолжи да придонесува за нивниот развој“, изјави Песков.

„За танго се потребни двајца“

Песков нагласи дека Москва ќе продолжи да вложува напори за зачувување на односите со Белград.

„Ние ќе продолжиме да правиме сè што можеме за развој на односите со Белград. Но, како што знаете, за танго се потребни двајца“, порача тој.

Според Ројтерс, по изборните порази на Виктор Орбан во Унгарија и Александар Вучиќ во Србија, Москва се соочува со губење на двајца значајни политички партнери во Европа.

Сепак, претставникот на студентската листа, Јово Бакиќ, порача дека Србија нема намера нагло да ги менува односите со Русија.

„Ја почитуваме Русија како голема сила и историски важен партнер. Тука нема да има промени“, изјави Бакиќ.

Србија досега не се приклучи кон европските санкции против Русија и одржуваше значајна енергетска соработка со Москва.

Останува отворено прашањето дали новата српска влада ќе ја продолжи досегашната политика на балансирање меѓу Русија, Кина и Европската Унија или ќе избере посилно приближување кон Брисел.