ПРВ.мк
Свет

Ситуацијата во Персискиот Залив под лупа по нападот - ова е бројот на исчезнати лица!

Ситуацијата во Персискиот Залив под лупа по нападот - ова е бројот на исчезнати лица!

Шест лица се водат како исчезнати по инцидент во кој иранските власти тврдат дека станува збор за американски воздушен напад врз рибарски и товарни бродови во Персискиот Залив, во близина на оманското пристаниште Касаб, на јужниот влез во Ормускиот Теснец.

Според ирански извори, нападот бил изведен од американски воени авиони, а неколку повредени лица биле пренесени во болница во Касаб. Спасувачките екипи продолжуваат со потрагата по исчезнатите, додека конечниот биланс сè уште не е потврден поради различни и контрадикторни информации од регионални извори.

Од друга страна, Американска Централна команда соопшти дека американските сили извршиле операција против два танкери под иранско знаме — M/T Sea Star III и M/T Sevda — кои, според Вашингтон, се обиделе да ја заобиколат поморската блокада и да впловат во ирански пристаништа.

Во операцијата учествувал и борбен авион F/A-18 Super Hornet од носачот USS George H.W. Bush, при што, како што наведуваат американските извори, танкерите биле онеспособени со прецизно оружје со цел да се спречи нивно движење.

Инцидентот се случува во услови на веќе засилени тензии во регионот, откако САД претходно изведоа напади врз ирански цели, тврдејќи дека станува збор за одговор на претходни ирански акции против американски воени бродови во Ормускиот Теснец.

Поради ескалацијата, поморскиот сообраќај низ Ормускиот Теснец е значително намален, а регионот останува под висок степен на безбедносен ризик.