Според најновата анкета, мнозинството Германци се загрижени за можен напад на Русија врз земји-членки на НАТО, како Полска или Литванија. 62 отсто од анкетираните изразиле страв, додека 28 отсто не го делат овој страв, а 10 отсто не дале конкретен одговор.
Анкетата следи по неодамнешниот руски напад врз Украина и навлегувањето на дронови во полскиот воздушен простор, кое предизвика интервенција на НАТО-силите. Воени извори предупредуваат дека не е јасно дали ова бил случаен инцидент или тест на одбраната на Алијансата.
Истовремено, мнозинството Германци поддржуваат построги економски мерки против Русија: 49% сметаат дека треба веднаш да се прекинат сите испораки на руски гас и нафта за ЕУ, додека 51% сметаат дека замрзнатите руски средства во ЕУ треба да се користат за поддршка на Украина.