ПРВ.мк
Свет

Земјотрес од 4,4 степени предизвика загриженост - ова е епицентарот

Земјотрес од 4,4 степени предизвика загриженост - ова е епицентарот

Рано утрово во четврток, земјотрес со јачина од 4,4 степени го погоди поширокото подрачје на Неапол, предизвикувајќи вознемиреност кај населението.

Според податоците од италијанскиот Национален институт за геофизика и вулканологија, епицентарот бил во Заливот Поцуоли, во областа Кампи Флегреи, на мала длабочина од околу три километри.

Потресот се почувствувал низ целиот регион на Неапол, а многу жители пријавиле вознемиреност преку социјалните мрежи. Засега нема информации за повредени или материјална штета.

Како превентивна мерка, локалните власти во неколку општини одлучиле да ги затворат училиштата за денот.

Земјотресот се случил во познатата вулканска област Кампи Флегреи, која претставува супервулкан и е една од најсеизмички активните зони во Италија. Поради специфичниот геолошки состав, ваквите потреси често се плитки, па затоа се чувствуваат посилно од страна на жителите, дури и кога не предизвикуваат големи штети.