ПРВ.мк
Свет

СЛУЖБИТЕ НА ТЕРЕН: Тигар избегал од приватен имот - еве колку лица се повредени!

СЛУЖБИТЕ НА ТЕРЕН: Тигар избегал од приватен имот - еве колку лица се повредени!

Драматичен инцидент се случил во близина на германскиот град Лајпциг, откако тигар кој избегал од приватен имот нападнал и повредил едно лице, по што бил усмртен од полицијата.

Според германските медиуми, настанот се случил во местото Шкојдиц, западно од Лајпциг, кога животното успеало да побегне од приватно ограден простор.

Тигарот подоцна бил лоциран во блиски градини, каде интервенирале полициските служби и го усмртиле, поради опасноста што ја претставувал.

Повредениот маж се здобил со полесни повреди и бил пренесен во болница, а властите потврдиле дека нема други опасни животни на слобода.

Животното, според информациите, ѝ припаѓало на дресерката Кармен Цандер, позната како „Кралица на тигрите“, која и претходно била предмет на истраги поради условите за чување на диви животни и организирање настапи без соодветни дозволи.

Случајот повторно ја отвора дебатата за безбедноста и контролата над приватното чување на диви и потенцијално опасни животни во Европа.