ПРВ.мк
Свет

Шпанската општина Марбеља повторно го казнува Новак Ѓоковиќ за дивоградба на вилата?! (ФОТО)

Шпанската општина Марбеља повторно го казнува Новак Ѓоковиќ за дивоградба на вилата?! (ФОТО)

Новак Ѓоковиќ повторно се соочува со проблеми со локалните власти во Марбеља, Шпанија, откако општината му изрече трета казна за нелегални градежни работи на неговата вила. Главните проблеми се туш кабината, верандата и подрумот, кој семејството го користи како гаража, а тенисерот не обезбедил градежна дозвола ниту ја легализирал изградбата во законскиот рок.

Општината во февруари 2025 година го информирала Ѓоковиќ за неправилностите, но тој не ги отстранил објектите. Казната за овој случај е 5.000 евра, а вкупно тој веќе има платено 15.000 евра за слични прекршоци од 2020 година, откако ја купил вилата. Ѓоковиќ ангажирал архитект кој треба да ги реши проблемите, а побарал и привремена суспензија на казните за да може да ги санира недозволените градежни активности, но општината останала на својата одлука и продолжува со санкциите.

Во меѓувреме, Ѓоковиќ се подготвува за настап на Отвореното првенство на САД и одлучи да ги прескокне турнирите во Торонто и Синсинати за да се фокусира на Гренд слемот.

Покрај вилата во Шпанија, Новак и неговата сопруга Јелена инвестираа во недвижности и во Србија, купувајќи луксузен имот на Космај, кој бил во сопственост на семејството Кариќ. Ранчот е пространа куќа со голем двор, базен и овоштарници, каде парот ужива во приватност и комфор.

Escape