ПРВ.мк
Македонија

ДКСК потсетува на строгите забрани и ограничувања за локалните избори 2025

ДКСК потсетува на строгите забрани и ограничувања за локалните избори 2025

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) ги информира институциите, политичките партии и јавноста за мерките кои стапуваат на сила од моментот на распишување на локалните избори 2025, па сè до нивното завршување.

Главните правила вклучуваат забрана за започнување нови инвестиции и исплати надвор од редовните обврски, како и забрана за потпишување колективни договори или вработувања, освен во случаи на итна потреба. Строго е забрането користење државен имот, буџетски средства или опрема за партиски кампањи, како и било каков вид на поткуп, вклучувајќи пари, подароци или други погодности со цел влијание врз гласачи.

Од 20 дена пред почетокот на кампањата, па сè до крајот на изборите, не смеат да се организираат јавни настани за отворање државно финансирани објекти. Министерството за финансии ќе мора редовно и јавно да ги објавува сите исплати, а службените возила и канцеларии не смеат да се користат за политички активности. Дополнително, строго е забранет било каков притисок врз гласачи.

ДКСК ќе го следи целиот изборен процес, ќе пријавува прекршувања и ќе бара постапување од надлежните институции, а граѓаните и медиумите се повикани активно да пријавуваат сомнителни појави за време на изборниот период.

Escape