ПРВ.мк
Свет

Светската нафта на удар, Ормус пред блокада - Иран ја игра последната карта!

Светската нафта на удар, Ормус пред блокада - Иран ја игра последната карта!
Escape

Одлуката на САД да ги нападнат иранските нуклеарни постројки ја подигна температурата на Блискиот Исток до точка на вриење. Но вистинската глобална опасност можеби сè уште не е започната – се отвора прашањето: што ако Иран го затвори Ормускиот Теснец?

Овој теснец, долг 39 километри и широк едвај 33, е најважната енергетска артерија на светот. Преку него секојдневно минува речиси 20% од светската нафта. Ако биде блокиран, светските пазари би се соочиле со ценовен шок: цените на нафтата би можеле да скокнат над 100 долари по барел, што би довело до инфлација, нестабилни пазари и ризик од нова рецесија.

Аналитичарите предупредуваат дека алтернативни рути не се доволни – особено азиските економии како Кина, Индија и Јапонија би биле најпогодени. Европа и САД исто така не би останале поштедени.

Сè уште нема официјална одлука од Техеран, но реториката станува сè поостра. Доколку Иран почувствува дека неговата безбедност е сериозно загрозена, затворањето на Ормус би можело да се претвори во геополитичка пресвртница со глобални последици. Светот чека – и се надева дека потегот нема да дојде.

Mia Home Mavrovo