Американската команда CENTCOM објави на социјалната мрежа X дека ги отфрла тврдењата за повторно активирање на иницијативата „Проект слобода“. Според нив, американските сили не обезбедуваат придружба на комерцијални бродови кои минуваат низ стратешките поморски рути.
Ова соопштение доаѓа како реакција на напис на Волстрит џурнал, кој се повикува на американски воени извори. Во извештајот се тврди дека американската морнарица тајно придружувала грчки супертанкер со околу два милиони барели сурова нафта низ Ормутскиот теснец, во близина на брегот на Оман.
Според тие информации, бродот бил задржан во регионот од почетокот на март, а потоа продолжил кон Индија за испорака на товарот.
Иницијативата „Проект слобода“, која требаше да обезбедува следење и заштита на бродови низ клучниот поморски коридор, била суспендирана само 36 часа по нејзиното започнување.
Случајот отвори нови прашања околу безбедноста на поморските рути и улогата на американските сили во регионот, додека официјалните институции даваат спротивставени информации.








