ПРВ.мк
Свет

НОВА ЕСКАЛАЦИЈА НА ЦРНОТО МОРЕ: Русија ја затвори една од клучните морски патеки!

НОВА ЕСКАЛАЦИЈА НА ЦРНОТО МОРЕ: Русија ја затвори една од клучните морски патеки!

Русија ја суспендираше пловидбата во Азовското Море по серијата украински напади со беспилотни летала врз десетици пловила и стратешки објекти во регионот, јавуваат руските и украинските извори.

Командантот на украинските сили за беспилотни летала, Роберт Бровди, соопшти дека во текот на ноќта биле погодени десет танкери, четири траекти, како и голема рафинерија за нафта во рускиот град Сизрањ.

Тој наведе дека украинските сили извршиле и напади врз трафостаници на окупираниот Крим, со цел нарушување на руските транспортни и енергетски капацитети.

Жители на Сизрањ пријавиле силни експлозии и голем пожар во рафинеријата, додека руските власти потврдиле дека дошло до пожар на танкер при неговото влегување во каналот што ги поврзува Азовското и Црното Море.

Истовремено, локални руски канали објавија информации за две поголеми излевања на нафта во близина на брегот кај Таганрог.

Азовското Море има големо стратешко значење за Русија, бидејќи преку него се одвива транспорт на нафта, жито и други стоки кон меѓународните пазари. Москва веќе ја прекина пловидбата низ каналот Дон–Азов, со што дополнително е ограничен поморскиот сообраќај во областа.

Од Киев велат дека нападите се дел од поширока операција насочена кон слабеење на руската воена логистика, нарушување на снабдувањето со гориво и прекинување на транспортните врски кон окупираниот Крим.

Во меѓувреме, продолжуваат и руските воздушни напади врз украинска територија. Според украинските власти, во ноќните напади најмалку три лица загинале во Дњепропетровската област, додека едно лице го загубило животот во напад со дрон врз Херсон.