ПРВ.мк
Свет

Најстрога пресуда во Турција: 11 ДОЖИВОТНИ КАЗНИ за трагичниот пожар!

Најстрога пресуда во Турција: 11 ДОЖИВОТНИ КАЗНИ за трагичниот пожар!
Kristal

Турски суд денеска донесе историска и исклучително строга пресуда – 11 лица се осудени на доживотен затвор поради катастрофалниот пожар што во јануари годинава го зафати хотелот „Гранд Картал“, одземајќи 78 животи, меѓу кои и околу 30 деца.

Огнената стихија што избувна во ноќните часови ја потресе цела Турција, а јавноста со месеци бараше одговорност. По деталната истрага, судот утврди дека трагедијата не била последица на случајност, туку на небрежност, пропусти и игнорирање на безбедносните протоколи.

Меѓу осудените на доживотен затвор со строг режим се сопственикот на хотелот Халит Ергјул, неговата сопруга Емине Ергјул, ќерките Елиф Араз и Џејда Хаџибекироглу, кои биле дел од управата, како и главниот менаџер Емир Арас, управителот Зеки Јилмаз, заменик-градоначалникот на Болу Седат Ѓуленер, и директорот на друг хотел Ахмет Демир.

Вкупно 32 лица беа обвинети во случајот, а 20 од нив беа судени во притвор. Судот оцени дека овие 11 обвинети имаат директна и клучна одговорност за смртта на гостите и за сериозните безбедносни пропусти.

Според резултатите од истрагата, противпожарниот аларм не работел ноќта на пожарот, а дел од опремата за гас не ги исполнувала безбедносните стандарди. Дополнително, утврдено е дека сопствениците свесно ги игнорирале претходните предупредувања од инспекциите, додека некои локални функционери незаконски издавале дозволи за работа без соодветна контрола.

Сопственикот на хотелот, Халит Ергјул, во својата одбрана се обиде да ја негира одговорноста, наведувајќи дека „имале редовни инспекции“ и дека вината лежи кај добавувачот на гасната опрема. Тој дури изјави пред судот:

„Не дозволив ни огномет пред хотелот за свадби затоа што не сакав птиците да умрат.“

Меѓутоа, сведочењата на преживеаните и роднините на загинатите беа потресни. Тие опишаа како пожарот започнал во хотелскиот ресторан околу 3:30 наутро, а пламенот брзо се проширил низ објектот, оставајќи им на гостите речиси никакви шанси за бегство.

Со оваа пресуда, судот испрати силна порака за нулта толеранција кон занемарување на безбедноста и заштитата на човечките животи во туристичките објекти во Турција.

Не дознавај последен- читај ПРВ.мк

Escape