ПРВ.мк
Свет

Милијарди и илјадници страници документација – што крие проектот?

Милијарди и илјадници страници документација – што крие проектот?

Полска започнува еден од најголемите енергетски проекти во својата историја – изградба на прва нуклеарна електрана која треба значително да го промени националниот енергетски систем.

Според актуелните планови, изградбата треба да започне во 2028 година, а целиот проект ќе се одвива во фази. Секој од трите реактори се очекува да се гради околу седум години, по што ќе следи дополнителен период на тестирање и проверка на безбедноста.

Првиот блок би требало да биде ставен во функција во 2036 година, додека преостанатите два се планираат да започнат со работа до 2038 година.

Државната компанија задолжена за проектот веќе поднела детално барање за градежна дозвола до националниот нуклеарен регулатор. Документацијата опфаќа десетици илјади страници и вклучува технички, безбедносни и еколошки анализи.

Во подготовката учествувале повеќе од 200 експерти кои изработиле планови за безбедносни системи, заштита од зрачење, контрола на квалитет и реагирање во вонредни ситуации. Целиот пакет е завршен пред предвидениот рок.

Проектот се базира на технологија на американска компанија, а локацијата е одредена во северниот дел на земјата. Полските власти очекуваат дека оваа инвестиција ќе помогне во стабилизирање на цените на електричната енергија и ќе го зајакне индустрискиот развој.

Сега следува долга регулаторна постапка, во која надлежните институции ќе ја проценуваат безбедноста и усогласеноста на проектот со строгите нуклеарни стандарди.