ПРВ.мк
Свет

Шок од Израел: Нова стратегија што може целосно да ја промени ситуацијата во Газа

Шок од Израел: Нова стратегија што може целосно да ја промени ситуацијата во Газа

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска соопштил дека му наложил на воениот врв да ги игнорира досегашните ограничувања од прекинот на огнот и постепено да ја прошири контролата врз значаен дел од Појасот Газа.

Според изјавите пренесени од израелски медиуми, целта е контролата на територијата да се зголеми на околу 70 отсто, иако со претходниот договор за примирје бил воспоставен механизам со кој околу половина од територијата останала под израелска воена контрола.

Нетанјаху нагласил дека Израел во моментот врши силен притисок врз Хамас и дека контролата на теренот постепено се проширува. Тој посочил дека операциите веќе довеле до значително зголемување на присуството на израелските сили.

Во меѓувреме, и покрај постигнатиот прекин на огнот со посредство на САД, судирите на терен продолжуваат. Извештаите од регионот укажуваат дека примирјето се прекршува речиси секојдневно, а хуманитарната ситуација останува исклучително тешка.

Според податоците, од почетокот на конфликтот загинале стотици луѓе, додека голем дел од населението е раселено и живее во импровизирани услови со сериозен недостиг на храна и основни средства.

Меѓународните организации предупредуваат дека обновата на регионот ќе бара огромни финансиски средства и долготраен процес, додека политичките и безбедносните тензии остануваат високи.