Хеликоптер ангажиран за гаснење пожари во близина на Аспропиргос доживеал итно слетување во Елефсинскиот Залив – непосредно пред очите на шокирани туристи. Воздухопловот, кој влечел вода за борба со огнената стихија, нагло изгубил стабилност и се урнал во морето околу 14 часот.
Во хеликоптерот се наоѓале тројца членови на екипажот – двајца Американци и еден Грк – кои за среќа, ја преживеале драмата без тешки повреди.
Крајбрежната стража реагирала за рекордно време, а спасувањето било снимено и предизвика силни реакции на социјалните мрежи. Постои сомнеж дека проблемот настанал при обидот за полнење вода од заливот, но официјалната причина сè уште се истражува.
Екипажот е пренесен на плажата, каде што ги пречекала Брза помош, а потоа се упатиле кон болницата „Атика“ за дополнителни прегледи. Видеото од инцидентот стана вирално и отвори прашања за безбедноста на леталата што учествуваат во опасни мисија како гаснење пожари.