Земјотрес со магнитуда од 5,3 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди Авганистан, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).
Според првичните информации, епицентарот бил на околу 176 километри од градот Кундуз, на длабочина од приближно 190 километри под површината на земјата.
Потресот бил почувствуван и надвор од границите на Авганистан. Според сведоштва објавени на веб-страницата на EMSC, земјотресот го почувствувале и жители на делови од Пакистан и Индија.
Засега нема информации за евентуални жртви, повредени лица или материјална штета, а надлежните служби продолжуваат да ја следат состојбата на терен.
Авганистан се наоѓа во сеизмички активен регион каде често се регистрираат земјотреси со различен интензитет поради судирот на индиската и евроазиската тектонска плоча.







