ПРВ.мк
Спорт

ФК Тетекс повлече радикален потег: Откажан пријателскиот меч со Охрид поради сомнежи и нарушена доверба!

ФК Тетекс повлече радикален потег: Откажан пријателскиот меч со Охрид поради сомнежи и нарушена доверба!
Kristal

ФК Тетекс официјално соопшти дека нема да го одигра најавениот контролен натпревар против ГФК Охрид, кој беше закажан за 28 јануари 2026 година. Одлуката, како што информира клубот, е донесена по темелна внатрешна анализа и сериозно разгледување на случувањата кои во изминатиот период ја вознемирија фудбалската јавност.

Од тетовскиот клуб наведуваат дека околностите поврзани со активности што се доведуваат во врска со ГФК Охрид создаваат амбиент во кој не постојат услови за нормална и коректна спортска соработка. Во ваква ситуација, Тетекс смета дека учеството во ваков натпревар би можело, дури и индиректно, да отвори простор за сомнежи во регуларноста и почитувањето на спортската етика.

„Како клуб кој се води од јасни принципи и вредности, ФК Тетекс не може да си дозволи компромиси кога станува збор за чесна игра и интегритет“, се наведува во соопштението.

Одлуката, потенцираат од клубот, е донесена исклучиво со цел да се заштити угледот на ФК Тетекс, неговите фудбалери, навивачи, како и самиот фудбал. Клубот додава дека ќе продолжи да настапува во согласност со своите принципи и ќе ги поддржува сите иницијативи кои придонесуваат за фер и транспарентен спорт.

Со овој потег, Тетекс испраќа јасна порака дека довербата и спортската етика се неприкосновени, дури и кога тоа значи откажување од планирани натпревари.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo