ПРВ.мк
Спорт

Тензии на автопатот Скопје – Велес: Девојче предизвикало инцидент со „Чкембарите“

Тензии на автопатот Скопје – Велес: Девојче предизвикало инцидент со „Чкембарите“
Kristal

По завршувањето на четвртфиналниот натпревар од Купот на Македонија помеѓу Пелистер и Куманово, кој се одвиваше во напната атмосфера и беше привремено прекинат, се случи инцидент на патот кон Битола.

Дел од навивачката група „Чкембари“ предизвикале инцидент во угостителски објект на автопатот Скопје – Велес. Според сведоци, конфликтот започнал кога навивачите забележале обележје на Вардар кај едно девојче кое се наоѓало во локалот. Обидот да ѝ биде одземен симболот ескалирал, по што биле нападнати и други лица присутни во објектот.

Полицијата и надлежните се известени за инцидентот, а на местото на настанот се преземени мерки за смирување на ситуацијата и заштита на присутните. Овој случај повторно ја потврдува тензијата меѓу навивачките групи и потенцијалните конфликти кои можат да се појават надвор од спортските терени.

Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo