ПРВ.мк
Спорт

Македонија пред голем тест во Лига Б – Седлоски верува во зрелата генерација и конкурентен настап

Македонија пред голем тест во Лига Б – Седлоски верува во зрелата генерација и конкурентен настап
Kristal

Македонскиот национален тим ги дозна ривалите со кои ќе се соочи во претстојниот циклус од Лигата на нации, каде за првпат ќе настапува во повисоката, Б дивизија. Избраниците на селекторот Гоце Седлоски влегуваат во ова натпреварување со голем предизвик пред себе, но и со јасна амбиција да покажат дека заслужуваат место меѓу посилните селекции.

Седлоски потенцира дека групата носи сериозна тежина и квалитет, но истовремено испрати порака дека Македонија нема да биде само учесник, туку конкурент кој ќе се бори на секој меч.

„Шкотска и Швајцарија се главните фаворити во групата. Станува збор за две селекции со континуитет на настапи на големи натпреварувања, учесници и на претстојното Светско првенство. Имаат квалитет и искуство на највисоко ниво. Тоа доволно зборува за предизвикот што нè очекува.

Но, ние не влегуваме во овој циклус со улога на аутсајдер. Нашата цел е да бидеме конкурентни на секој натпревар, без разлика дали играме дома или на гости. Ќе се трудиме да го наметнеме нашиот стил на игра, дисциплиниран, организиран и храбар. Да покажеме дека Македонија со право е дел од Лига Б.

Имаме генерација која веќе е зрела, имаме јасна идеја како сакаме да изгледаме на теренот и треба да веруваме во квалитетот. Со максимален фокус, посветеност и тимски дух, верувам дека можеме да одговориме на предизвикот”, изјави Седлоски.

Новата сезона од Лигата на нации официјално започнува на 24 септември, а точниот распоред на натпреварите ќе биде објавен дополнително.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo