По повод Свети Трифун, Денот на лозарите, во Тиквешијата и Велес е најавена богата музичка програма со настапи на популарни домашни изведувачи.
Денеска, 14 февруари, групата „Љубојна“ ќе настапи во Младинскиот парк во Велес со почеток од 20:30 часот, носејќи енергична забава за сите посетители. Во Кавадарци, на плоштадот од 19:00 часот ќе настапи групата „Нокаут“, додека во Неготино, во Старата чаршија од 12:30 часот, дуото „Некст Тајм“ ќе ги забавува присутните со својот репертоар.
Покрај музиката, Младинскиот парк во Велес ќе биде домаќин и на куќарки со традиционална храна, варено вино и ракија, обезбедени од локалните винари и ресторани.
Ова е одлична можност за љубителите на музиката и традицијата да го прослават Денот на лозарите со забава, вкусни специјалитети и добро расположение во трите градови.

















