ПРВ.мк
Спорт

СОКОЛ 2026 влегува во највозбудливата фаза – спектаклот продолжува со елиминации и LIVE STREAM

СОКОЛ 2026 влегува во највозбудливата фаза – спектаклот продолжува со елиминации и LIVE STREAM

СОКОЛ 2026 влегува во својата највозбудлива фаза! По одличните натпревари досега, турнирот продолжува со елиминациската фаза, каде што секој дуел носи уште поголем интензитет, неизвесност и борба за пласман во големото финале.

Организацијата и оваа година покажува зошто СОКОЛ се издвојува како еден од најорганизираните и најатрактивните фудбалски турнири во Македонија, со услови и правила кои дополнително го подигнуваат квалитетот на натпреварите.

Натпреварите од 1/16 финалето до полуфиналето ќе се играат во формат од 2 × 20 минути, додека мечот за третото место и големото финале ќе траат 2 × 25 минути. Дополнителна доза на неизвесност носи правилото според кое последните две минути од второто полувреме ќе се играат со ефективно време, со запирање на часовникот при секој прекин.

Од четвртфиналето па натаму, секоја екипа ќе има и право на по еден тајмаут од една минута во секое полувреме, што дополнително ја отвора можноста за тактичко надмудрување во клучните моменти.

Но, спектаклот не завршува на теренот. Од почетокот на елиминациската фаза стартува и LIVE STREAM, преку кој љубителите на фудбалот ќе можат во живо да ги следат натпреварите на официјалниот Facebook профил и YouTube каналот на СОКОЛ.

Сè е подготвено за вистински фудбалски спектакл. Најдобрите остануваат во игра, притисокот расте, а секој следен натпревар може да донесе нов херој.

СОКОЛ 2026 продолжува да ги поместува границите и да покажува како треба да изгледа еден врвно организиран фудбалски турнир во Македонија!