ПРВ.мк
Македонија

ПЕТ ГРАДА НА УДАР: Полицијата приведе двајца и откри што стои зад серијата кражби!

ПЕТ ГРАДА НА УДАР: Полицијата приведе двајца и откри што стои зад серијата кражби!

Полицијата расчистува серија кривични дела извршени во повеќе градови во источниот дел на земјата, при што се приведени две лица од Кочани, осомничени за учество во повеќе тешки кражби.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, полициски службеници од ОВР Кочани и ОВР Виница ги лишиле од слобода В.З. (26) и Д.С. (43), двајцата жители на Кочани. Тие се осомничени дека во изминатиот период извршиле повеќе кривични дела.

Според досегашната истрага, В.З. и Д.С. во текот на август и септември годинава наводно дејствувале на подрачјата на Кочани, Виница, Делчево, Македонска Каменица и Пробиштип.

Во рамки на истрагата се опфатени вкупно седум тешки кражби во станбени и деловни објекти. Покрај нив, полицијата ги поврзува осомничените и со уште три тешки кражби во обид, кои се однесувале на станбени и деловни објекти, како и на патнички возила.

Дополнително, В.З. е осомничен и за кривично дело „спречување на докажување“.

Претреси во домовите

Во рамки на преземените полициски мерки, а врз основа на судска наредба, биле извршени претреси во домовите на двајцата осомничени.

При претресите биле пронајдени и одземени повеќе предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривичните дела што им се ставаат на товар.

Од МВР информираат дека истрагата продолжува, а по целосното документирање на сите случаи, против В.З. и Д.С. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.