ПРВ.мк
Спорт

СИТЕ ПОГЛЕДИ КОН БАРАЖОТ: Македонија тргнува по нов мундијалски сон!

СИТЕ ПОГЛЕДИ КОН БАРАЖОТ: Македонија тргнува по нов мундијалски сон!

Македонската машка ракометна репрезентација денеска се собра во Скопје каде ги стартува подготовките за двомечот против Словачка во баражот за пласман на Светското првенство.

Селекторот Кирил Лазаров ја одржа првата прозивка со 20 ракометари кои ќе конкурираат за настап на овие важни натпревари. Тој порача дека има голема доверба во составот и покрај тоа што тимот е релативно млад и нема многу искуство за ваков тип дуели.

Лазаров потенцираше дека желбата, борбеноста и мотивот за настап во националниот дрес треба да бидат клучниот адут на Македонија.

Македонските ракометари ќе се обидат да обезбедат осмо последователно учество на Мундијалите, односно вкупно десетто во историјата.

Првиот натпревар против Словачка ќе се игра на 14 мај во Прешов, додека реваншот е закажан три дена подоцна во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје. Влезниците за реванш средбата веќе се пуштени во продажба.