Меѓународната агенција за интегритет во тенисот (ITIA) ја суспендираше поранешната шампионка на Вимблдон, Маркета Вондроушова, на четири години поради одбивање да се подложи на допинг контрола.
Според соопштението, чешката тенисерка на 3 декември 2025 година одбила да даде примерок за допинг тестирање. Случајот бил разгледан пред надлежен трибунал, каде Вондроушова не успеала да докаже дека постоеле исклучителни околности кои би го оправдале нејзиниот потег.
Според правилата на Светскиот антидопинг кодекс и Тениската антидопинг програма, одбивањето или избегнувањето на допинг тест се третира исто како и позитивен допинг наод, освен ако спортистот не достави убедливи докази за спротивното.
По разгледувањето на случајот, трибуналот утврдил дека Вондроушова ги прекршила антидопинг правилата, по што ѝ била изречена суспензија во траење од четири години.
За време на казната, поранешната освојувачка на Вимблдон (2023) нема да може да настапува на професионални тениски турнири, ниту да учествува во активности организирани од тениските институции под надлежност на ITIA.









