ПРВ.мк
Црна Хроника

ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА УТРОВО: Цистерна и комбе се судрија кај аеродромот, двајца повредени!

ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА УТРОВО: Цистерна и комбе се судрија кај аеродромот, двајца повредени!

Тешка сообраќајна несреќа се случила утрово околу 5:30 часот на автопатот во близина на белградскиот аеродром „Никола Тесла“, на приближно два километри во правец кон Белград. Во несреќата учествувале камион-цистерна и комбе, а според првичните неофицијални информации, две лица се здобиле со повреди.

По судирот, возачот на цистерната останал заробен во кабината на камионот. На местото на несреќата веднаш пристигнале противпожарните екипи, кои интервенирале и успеале да го извлечат повредениот возач. По укажаната помош, тој бил транспортиран во Ургентниот центар.

Во несреќата повреден е и маж на возраст од околу 40 години, кој се здобил со тешки телесни повреди. Тој бил итно пренесен во болницата во Земун, каде што му била потребна лекарска помош. Повреден е и 36-годишниот возач на камионот-цистерна.

Поради сообраќајната несреќа, сообраќајот на овој дел од автопатот се одвива отежнато, па возачите се соочуваат со забавено движење и можни задржувања.

Според првичните информации, цистерната превезувала цемент. Поради видот на товарот што го транспортирала, засега нема опасност по здравјето на луѓето ниту, пак, по животната средина.