ПРВ.мк
Спорт

Шок и тага во Србија: Почина поранешниот капитен на Црвена Звезда на само 41 година!

Шок и тага во Србија: Почина поранешниот капитен на Црвена Звезда на само 41 година!

Српската спортска јавност вечерва е во шок по трагичната вест дека Дејан Миловановиќ, поранешен капитен на Црвена Звезда, ненадејно почина на 41-годишна возраст.

Според првичните информации од медиумите, трагедијата се случила за време на натпревар меѓу ветераните на Звездара и ПКБ, каде Миловановиќ настапувал. За време на играта, му се слошило и веднаш била повикана итна медицинска помош.

Иако екипата на Брзата помош пристигнала навреме и се обидела со реанимација, не успеала да го спаси животот на Миловановиќ, кој починал на лице место.

Оваа трагедија го потресе не само српскиот, туку и целиот балкански спортски свет, со оглед на тоа што Миловановиќ беше познат по својата посветеност, борбеност и лидерски дух на теренот.

Escape

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape