ПРВ.мк
Македонија

Продолжен притворот на сопственикот и вработените во складиштето за електронски отпад во Трубарево

Продолжен притворот на сопственикот и вработените во складиштето за електронски отпад во Трубарево

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје ја продолжи мерката притвор за нови 48 часа за сопственикот и трите вработени во складиштето за електронски отпад во Трубарево, во врска со пожарот што избувна на 13 септември. Одлуката е донесена по предлог на Основното јавно обвинителство Скопје, кое поведе постапка против четирите лица за загрозување на животната средина и природата со отпад.

Осомничените се: 56-годишен управител и сопственик на две правни лица, 22-годишна управителка на трето правно лице, 42-годишен раководител на подружница и 59-годишен вработен. Јавниот обвинител истражува и потенцијална одговорност на други лица.

Увид на лице место ќе започне денеска, а екипи на СВР Скопје веќе преземаат дејствија и собираат документи и докази во постапката за загрозување на животната средина.

Пожарот избувна околу 14 часот на 13 септември, а според директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, е целосно изгаснат, а опожарената површина е затрупана со песок и земја.

Escape

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape