На 16 септември 2025 година околу 23:00 часот, полициски службеници од ОВР Струга лишија од слобода А.К. (29) од Струга, а следниот ден околу 11:00 часот и Л.К. (34) од село Велешта, поради сомнение за „убиство во обид“ според член 123 став 1 во врска со член 19 од Кривичниот законик.
Според информациите, двајцата напаѓачи претходно на улица „ЈНА“ во Струга со метални предмети нападнале Б.А. (52) и 17-годишно лице, двајцата од дебарското село Џепиште. Во еден момент, Л.К. испукал неколку куршуми со пиштол кон Б.А. и избегал од местото на настанот.
Двајцата сторители се пронајдени и приведени. Повредениот е пренесен со возило на Итната медицинска помош во Општата болница во Струга, каде му се констатирани тешки телесни повреди. По целосно расчистување на настанот ќе следат соодветни кривични пријави.