Денес, во спортската сала Гемиџии, нашиот тим КМФ Кеги Моби Велес излегува на терен во рамките на Првата футсал лига 2025/26, каде ќе се соочи со КМФ Осогово 2022 од Крива Паланка.
Но, овој натпревар има посебна тежина – сите средства од продажбата на сезонски и поединечни карти ќе бидат донирани за семејството од Којник кое неодамна ја загуби својата куќа во пожар. 🕊
Повторно докажуваме дека спортот не е само натпревар, туку и срце, човечност и заедништво.
📍 Сала Гемиџии, Велес 🕕 Почеток: 19:30 часот
Поддржете го нашиот клуб, поддржете ги тие што најмногу имаат потреба!
НАШ КЛУБ – НАША ГОРДОСТ! ⚪️🔴
















